Метеорскиот дожд „Персеиди“ ќе биде видлив и во Македонија – Што треба да направите за да можете да уживате во глетката?

Вечерта помеѓу 12-ти и 13-ти август се очекува да можат да се видат и по 100 метеори во еден час. Тоа би била идеална причина да заминете некаде во планина и да уживате во глетката на небото.

meteorskiot-dozhd-perseidi-kje-bide-vidliv-i-vo-makedonija-shto-treba-da-napravite-za-da-mozhete-da-uzhivate-vo-gletkata-01.jpg

Како и секоја година, така и оваа од Земјата ќе биде видлив познатиот метеорски дожд познат како „Персеиди“.

Иако меторскиот дожд е видлив секоја година во периодот од јули до средината на август, годинава пикот ќе биде вечерта помеѓу 12-ти и 13-ти август, кога ќе може да се забележат и по 100 метеори во еден час.

meteorskiot-dozhd-perseidi-kje-bide-vidliv-i-vo-makedonija-shto-treba-da-napravite-za-da-mozhete-da-uzhivate-vo-gletkata-02.jpg

Метеорскиот дожд ќе биде највидлив на Северната хемисфера на земјината топка, но благодарение на поволните услови се очекува небесната појава да биде видлива од која било точка на земјината топка.

За разлика од минатата година, кога Месечината беше премногу светла, па метеорскиот дожд не можеше да се види, годинава само 10 отсто од природниот сателит ќе бидат видливи, па се очекува дека метеорите ќе бидат позабележителни со голо око.

meteorskiot-dozhd-perseidi-kje-bide-vidliv-i-vo-makedonija-shto-treba-da-napravite-za-da-mozhete-da-uzhivate-vo-gletkata-03.jpg

За да го набљудувате дождот од метеори потребно е да најдете темно место, каде светлосната „загаденост“ на околината е на минимално ниво.

Легнете на грб и опуштете се и почекајте 30-тина минути за очите да ви се навикнат на темнината.

meteorskiot-dozhd-perseidi-kje-bide-vidliv-i-vo-makedonija-shto-treba-da-napravite-za-da-mozhete-da-uzhivate-vo-gletkata-04.jpg

Најдобар период за набљудување на метеорите е во часовите пред зори, а потребно е да погледнете на северниот дел на небото.

Метеорите можете да ги набљудувате со голо око и нема да ви биде потребен телескоп или друга дополнителна опрема.

meteorskiot-dozhd-perseidi-kje-bide-vidliv-i-vo-makedonija-shto-treba-da-napravite-za-da-mozhete-da-uzhivate-vo-gletkata-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Секоја чест! Миа Костова собра преку 250 донации за лекувањето на Леонид за само 5 часа „Уште немаме увид во продажба, но не можам да ви објаснам колку сум горда на ови...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
„Браво, царица“ – Тања Кочовска со салто влегува во вода во Хрватска „Секоја чест Тања, тоа е детето во тебе“ – коментираат следбениците на актерката...
Лепче со паричка се крши за Василица, а не за Бадник - Зошто? Лепче со паричка се крши за Василица или за Бадник? Ова е прашање за коешто се д...
10 локали во Скопје, совршени за летно освежување со коктели Наместо со грч ладно пиво, зошто од летните горештини да не се освежите со добар...
Македонката Бетика како ледена кралица на Вевчанскиот карневал: „13 години ти се враќам мое мило Вев... „Мое Вевчани… Ти се вратив дури и од Лапонија, ти се враќам секоја година, пак и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg