Џебна Венера во неодоливо издание – Провокативна фотосесија на Јелена Јованова Периќ (фото)
- Детали
- петок, 11 август 2023
Позира во црно сако и долна облека, со високи потпетици и мрежести хулахопки... Мора да признаете дека Јелена Јовановиќ Периќ изгледа неодоливо во најновата фотосесија, објавена на нејзиниот Инстаграм профил.
Нашата актерка Јелена Јованова Периќ на Инстаграм објави повеќе фотографии од нејзината последна провокативна фотосесија.
Во црно сако, со мрежести хулахопки и црна долна облека, Јелена Јованова Периќ мами воздишки на фотографиите.
Инаку, фотосесијата е дело на нашата фотографка Ерина Богоева, која исто така на својот Инстаграм профил објави неколку фотографии од фото-сесијата до кои напиша:
„Прекрасна жена и неверојатна актерка. Огромно задоволство ми беше да ја фоткам“.
Јелена неодамна во изјава за CRNOBELO.com откри дека е висока 163cm и гордо го носи епитетот македонска џебна Венера.
Таа на македонската јавност ѝ стана најпозната по улогата на Јелена од Драчево во хит- ТВ серијата „Преспав“, а во мај годинава го промовираше нејзиниот најнов филм „Nekaj sladkega“ (Нешто слатко), во кој ја толкува главната улога заедно со Сашко Коцев.
Филмот вечерва (11.08) ќе биде проектиран бесплатно на отворено во Паркот на Франкофонијата во Скопје, по повод Денот на млади, а проекцијата ќе започне од 20.30 часот.
Б. С. Б. | Црнобело/
фото: Ерина Богоева