Ретко појавување на Сашко Коцев на настан со сопругата - блескаат на црвениот тепих
- Детали
- понеделник, 08 мај 2023
На промоцијата во Скопје на новиот филм на сопругот, докторката Смиљана се појави во црн аутфит и зрачеше со елеганција покрај саканиот. На настанот блесна и Јелена Јованова Периќ.
Фото: Фејсбук Process K Production
Нашите Сашко Коцев и Јелена Јованова Периќ се во главните улоги на словенечкиот филм „Nekaj sladkega“ (Нешто слатко), кој по премиерата на 05.02 во Љубљана, Словенија, сега доживеа премиера и во Скопје.
Двајцата блеснаа во елегантно издание, позираа со многу свои пријатели, меѓу кои и Миа Костова, Никола Ристановски и Миланка Рашиќ.
Сашко на црвениот тепих се појави и со својата сопруга Смиљана, која во црн стајлинг блесна со елеганција покрај него.
Станува збор за филм кој е романтична комедија со многу пресврти и забавни случки, во кој има и маркетинг гуру од Македонија.
Сашко во ова филмско остварување има и улога на копродуцент и косценарист.
Во филмот се појавува и македонскиот актер Александар Микиќ.
Повеќе фотографии од настанот:
Posted by Sasko Kocev on Sunday, May 7, 2023
Прочитајте и Сашко Коцев прослави 10 години брак - повторно со омилената фотографија од свадбата, како и лани и преклани
С. С. | Црнобело