Сашко Коцев и Јелена Јованова ги играат главните улоги во словенечки филм - блескаат на премиерата (фото)
- Детали
- понеделник, 06 февруари 2023
Тие се наши, а светски - Сашко Коцев и Јелена Јованова Периќ се главни ѕвезди во словенечка комедија. Погледнете како мина промоцијата во Словенија...
Нашите Сашко Коцев и Јелена Јованова Периќ се во главните улоги на словенечкиот филм „Nekaj sladkega“ (Нешто слатко), кој вчеравечер (05.02) доживеа премиера во Љубљана, Словенија.
Сашко и Јелена блескаат на премиерата во елегантно издание.
фото: Фејсбук Сашко Коцев
Станува збор за филм кој е романтична комедија со многу пресврти и забавни случки, во кој има и маркетинг гуру од Македонија.
Сашко во ова филмско остварување има и улога на копродуцент и како косценарист.
Во филмот се појавува и македонскиот актер Александар Микиќ.
Атмосферата на промоцијата:
Кадри со нив од филмот:
С. С. | Црнобело / фото: Инстаграм