Туна Сејдиу ужива на одмор со синовите во Бодрум - згодна во мини здолниште и кроп-топ со тетоважа под градите (фото)
- Детали
- среда, 09 август 2023
Туна Сејдиу (38) на летувањето во Бодрум покажа дека е во топ-форма, облечена во мини здолниште со шлиц до колк и кроп-топ, а под градите се гледаше нејзината тетоважа - порака испишана со арапски букви.
Пејачката Туна Сејдиу ужива на одмор во Бодрум, Турција, со синовите Тиан и Зен. Таа со децата се забавуваше во аквапарк и објави неколку фотографии од нивните лудории.
Ги одведе и во забавен парк, но и на вечера на која им правеа друштво нивни пријатели.
„Состанок со мојата љубов“, напиша пејачката на една од фотките на која е со синот Тиан.
Сепак, Туна привлече внимание и со изгледот. Таа покажа дека е во топ форма, облечена во мини здолниште со шлиц до колк и кроп-топ, а под градите се гледаше нејзината тетоважа - порака испишана со арапски букви.
Изгледот го дополни со патики и впечатливи очила за сонце.
Откако се разведе во март 2022 година, Туна на скоро сите патувања оди со децата и често ги води на егзотични дестинации.
Таа неодамна го прослави 38-иот роденден, па објави серија фотографии во црн фустан, направени во Приштина.
Повеќе фотографии од одморот на Туна:
Прочитајте и Туна во црн фустан зрачи со сексапил за 38-иот роденден (фото)
А. Ј. | Црнобело