Туна во црн фустан зрачи со сексапил за 38-иот роденден (фото)
- Детали
- сабота, 15 јули 2023
За роденденската фотосесија, Туна носи црн провокативен фустан, со длабок шлиц на двата колка, впечатливо деколте и гол стомак, и покажа дека е во топ форма.
Пејачката Туна Сејдиу вчера (14.07) наполни 38 години. Таа го одбележа роденденот со серија заводливи и секси фотографии кои ги објави на Инстаграм.
Туна носи црн провокативен фустан, со длабок шлиц на двата колка, впечатливо деколте и гол стомак, и покажа дека е во топ форма.
Фотките на кои Туна зрачи со сексапил се направени во Приштина, а ја фотографираше Мартин Трајановски, нејзин пријател и долгогодишен соработник.
И тој објави неколку фотографии од роденденската фотосесија на пејачката.
Туна и овојпат ги собра комплиметите на фановите, кои освен што ѝ го честитаа роденденот, не пропуштија да ѝ кажат дека е „вистински оган“.
Меѓу оние што ѝ честитаа беше и пејачката Аделина Тахири, која е блиска пријателка на Туна.
„Среќен роденден локумче, да си дочекаш 100 години“, напиша Аделина во честитката.
Погледнете ги фотографиите од роденденската фотосесија:
Прочитајте и Мартин Трајановски: „Ја сликав Туна додека се породуваше, фотосесијата со Васил Гарванлиев за Евровизија ми ги отвори вратите кон ѕвездите“
А. Ј. | Црнобело