Ребека ужива на летување со семејството – пејачката е вистинска дама и на плажа, со црни очила и шешир
- Детали
- вторник, 01 август 2023
Со неколку интересни фотографии од плажа, фотки од нејзините синови кои си играат во песокот и од прошетките низ градот, Ребека покажа како се забавуваат на семејниот одмор.
Пејачката и претседател на здружението „Дајте ни крилја“, Ребека Јанковска-Ристески, е на летување со сопругот Мики, синовите Маркијан, Макариј и Доротеј, а друштво им прави и нејзината мајка Роза.
„Ние“, напиша едноставно Ребека на фотографиите што ги објави на својот Фејсбук.
Иако не открива каде е, по фотографиите може да се забележи дека тие се во Грција, а дека близнаците Макариј и Доротеј пораснале, но и Маркијан станал големо момче.
Ребека сподели неколку фотографии од плажа, на кои е вистинска дама со шешир, но и од нејзините синови кои си играат во песокот, од прошетките низ градот и покажа како се забавуваат на одморот.
„Уживајте“, „Прекрасна си“ ѝ велат пријателите кои оставија коментар на нејзината објава.
Ребека, која важеше за една од најпопуларните пејачки кај нас во 1990-те и почетокот на 2000-те, последниве години е повеќе посветена на работата со здружението „Дајте ни крилја“, чија цел е да се подобри секојдневието на лицата со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби.
Погледнете повеќе фотографии од семејниот одмор на Ребека:
Ние😘❤️
Posted by Rebeka Jankovska Risteski on Monday, July 31, 2023
А. Ј. | Црнобело