Торта вовче и многу балони за Кирил - Сара Мејс и Димитар Атанасовски му го прославија првиот роденден на синот (фото)
- Детали
- понеделник, 31 јули 2023
„Една најубава година неизмерна среќа со најпозитивното детенце што се смее и кога ќе се удри, што секојдневно ме изненадува и си ги руши сопствените рекорди за колку многу прекрасен може да биде некој. Мајкин, остани каков што си“ - Сара Мејс се разнежни на роденденот на синот Кирил.
Пејачката и харфистка Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски направија одлична забава за 1-иот роденден на синот Кирил, кој се роди на 29.07.2022 година.
Со многу гости, музика, балони и торта на два ката со вовче, тие прославија една година од раѓањето на Кирил.
Сара објави неколку фотки и видеа од забавата и со многу емоции му го честиташе роденденот.
„Една годинка. Една најубава година неизмерна среќа со дечково, најпозитивното детенце што се смее и кога ќе се удри. Детенцето што секојдневно ме изненадува и си ги руши сопствените рекорди за колку многу прекрасен може да биде некој.
Мајкин, само остани таков каков што си“, напиша Сара покрај фотографиите што ги објави на Инстаграм.
Додека траеше журката, и Сара и Димитар споделуваа дел од атмосферата и покажаа колку се забавуваат.
Илина, постарата ќерка на познатиот пар, пак, му помогна на своето братче да ја дувне свеќичката на тортата.
Пријателите на Сара и преку коментари му го честитаа роденденот на Кирил. Тие велат и дека децата на пејачката и водителот се поделени по ликот.
„Синот е на мама, ама Илина е на тато Димитар“, стои во коментарите.
А. Ј. | Црнобело