Актерот Драган Спасов Дац среде Корчула пееше македонски песни – туристите го снимаа (видео)
- Детали
- петок, 28 јули 2023
„Елено ќерко, Елено“ – ечеше во Стари град во Корчула, благодарение на актерот Драган Спасов Дац кој не ја пропушти можноста да запее со далматинскиот уличен состав.
Нашиот актер Драган Спасов Дац деновиве е на одмор на хрватскиот остров Корчула, а таму беше снимен од туристите како ја пее песната „Елено ќерко“ со далматински уличен состав.
Како што може да се види од видеото, Дац повторно привлече внимание со своите извонредни гласовни способности, па голем број туристи и случајни минувачи се собраа за да го снимаат моментот кога македонската песна ечеше во срцето на Корчула, во Стари град.
Дац покажа уште еднаш дека е вистински амбасадор, па секоја прилика ја користи за да ја промовира македонската култура, но, потоа покажа дека добро знае да се снајде и со далматинските песни и хитови, па запеа и на хрватски.
На Фејсбук страната на Дац и Александар е објавено видеото на кое се гледа како Даш пееше со далматинскиот уличен состав.
Погледнете го во продолжение:
Дац во Корчула ❤Во срцето на Корчула, нашиот Дац уловен од туристи како одлично пее македонски и хрватски песни со уличниот далматински состав 😊 Нашиот “Љубовен пасош” патува насекаде.. Уживајте ❤
-->Posted by Дац & Александар / Dragan Spasov Dac & Aleksandar Mitevski on Friday, July 28, 2023
Б. С. Б. | Црнобело