Миро Кацаров во прегратка со вереницата на плажа, Елена Најдоски на крстарење по Јадран - Што прават македонските ѕвезди на Инстаграм?
- Детали
- понеделник, 24 јули 2023
Димитар Андоновски ја пречека Цеца во Битола, младиот музичар Јанг Дади ужива во Барселона, а пејачот на „Либеро бенд“, Иван Јованов, го покажа мускулестото тело на плажа. Што прават македонските ѕвезди деновиве на Инстаграм?
Сезоната на одмори трае на големо, па некои од македонските јавни личности објавуваат фотки и видеа од своите летувања – Лила во сребрени бикини уживаше на базен, а сребрени бикини избра и Барбара Ракичевиќ која беше во Охрид.
Водителката Елена Најдоски е на крстарење по Јадранско Море со сопругот, а Миро Кацаров и неговата вереница Ивана се на летување на Кипар.
За успехот на својата нова песна „Торнадо“, Тамара Тодевска наздрави со коктел од Охрид.
„Моето расположение по сите ваши коментари и убави зборови за ‘Торнадо’. Фала ви најмногу“, напиша Тамара на фотката на која е насмеана и среќна.
Што прават македонските ѕвезди деновиве?
Миро Кацаров е на летување на Кипар со вереницата Ивана
Барбара Ракичевиќ на плажа во Охрид
https://www.instagram.com/p/Cu2hWUFs-1a/