Елиф Елмас не го заборава родниот крај – ја освои шампионската титула со Napoli, па се релаксираше на Шар Планина
- Детали
- среда, 19 јули 2023
Македонскиот фудбалер Елиф Елмас со пријателите помина два дена во селата Брод и Јеловјане на Шар Планина - се шеташе низ селата, се дружеше со мештаните, јаваа на коњи и уживаа во мирот на планината. Претходно, фудбалерот ја освои шампионската титула во Италија со Napoli.
Фудбалскиот репрезентативец Елиф Елмас откако со Napoli ја освои шампионската титула во Италија, дојде на одмор во Македонија.
Елиф прво уживаше неколку дена во Скопје, а потоа отиде на Шар Планина, од каде што потекнува неговото семејство.
Елиф не ги заборава корените, па славниот фудбалер секоја година оди барем на ден-два во родниот крај на неговото семејство.
Овојпат, тој два дена беше на Шар Планина, а ги посети селата Јеловјане и Брод. Елмас со пријателите се шеташе низ селата, се дружеше со мештаните, јаваа на коњи и уживаа во мирот на планината.
Бидејќи е познат како голем љубител на боречките спортови, пред да отиде на Шар Планина, Елиф во Скопје неколкупати беше и на тренинг за борење.
Тогаш на Инстаграм Стори објави фотки од тренинзите, но и со некои од членовите на клубот каде што вежбаше.
Фудбалерот по посетата на Македонија се врати во Италија, каде што наскоро со својот клуб Napoli ќе ги почне тренинзите за новата сезона и ќе се обидат да ја одбранат шампионската титула што ја освоија во сезоната 2022/23.
А. Ј. | Црнобело