Марија и Бојан од „Eye Cue“ на незаборавно крстарење - ги посетија островите Сардинија и Корзика (фото)
- Детали
- петок, 14 јули 2023
Пловење на јахта, сончање на палуба, пливање во кристално чистите води на Медитеранот... Марија и Бојан од „Eye Cue“, вљубениот пар кој живее во Лондон, ужива во летувањето на островите Сардинија и Корзика...
Марија Ивановска и Бојан Трајковски од „Eye Cue“ се на незаборавно крстарење по Медитеранот. Тие досега ги посетија познатите острови Сардинија и Корзика.
Сардинија е вториот најголем остров во Италија и во Тиренското Море, со површина од 24.090 км2.
Корзика, пак, е француски остров, кој се наоѓа западно од Италија и е поблиску до италијанското, отколку од француското копно. Островот е познат и по тоа што таму, во градот Ајачо, е роден Наполеон Бонапарта.
https://www.instagram.com/p/CueYguCM5v5/
Популарниот пар деновиве постојано објавува фотографии и видеа од крстарењето - додека се сончаат на јахтата, од Бојан кој управува со јахтата, од волшебните гратчиња што ги посетија на паузите од крстарењето, но и Марија без шминка, и со природна убавина, која заруменела од силното сонце.
„Вистинска сирена“, е еден од коментарите за Марија, која во розов костим за капење се сонча на јахтата додека крстарат со Бојан.
Популарниот пар не крие дека ужива во летувањето.
Тие впечатокот го дополнија со многуте фотки од двата популарни острови.