Бајковита свадба во Скопје со тема „мала Италија“, уникатни детали и олдтајмер со отворен покрив (фото)
Многу внимание обрнавме на деталите, почнувајќи од поканите, природните градинарски цветни аранжмани, што сакавме да изгледаат како да извираат од самиот простор, персонализиран свадбен коктел, долгите маси, матично како од филмовите, олдтајмер со отворен покрив, беа едни од многуте работи кои доведоа до магичната атмосфера што се случи на 10.06.2023.
До почетокот на журката, настанот беше придружуван со италијанска музика, а потоа имавме нетрадиционална свадба, со екс-ју хитови, диџеј и за крај на вечерта бендот „Brass Brothers“.
Време за вечера немавме, секој паузираше кога мисли дека треба, а јас и Дамјан искрено, не знаеме како изгледаше нашата невестинска маса, бидејќи во текот на вечерта не седнавме ниту една минута. Беше толку весело, што и да сакаме, тоа двапати не може да се повтори.
Зад објективот повторно се најдоа „You and Me“, а венчаницата ја изработи Кокев, по моја замисла, во склоп на темата на свадбата.
Косата исто така сакав да ми изгледа опуштено, со плетенка и природно цвеќе, а имав и најпрекрасен бидермаер и цветни аранжмани, како и украсен олтар.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





