Бомбакис за CRNOBELO: „Не дека беше моја ама не сум бил на повесела свадба досега, бевме опремени со пиротехника до заби“
За Спасен Силјановски немам што да кажам, освен дека е добар човек и беше полн погодок како изненадување на вечерта. Секоја чест!“
Неговата сопруга Вики за CRNOBELO.com споделува:
„Црковното венчавање се одржа во црквата Света Петка, а матичното во дворот на ресторанот.
За фотографиите се погрижија „Say Yes“.
Мојата замисла за идеална венчаница се исполни.
Целата свадба помина одлично, дури подобро од тоа што замислувавме.
Влегувањето во ресторанот ни беше во стилот на Бомбакис - специфично и бомбастично, несекојдневно и поразлично.
Не сакавме да биде класика, а сè што следеше понатаму беше продолжение на добрата атмосфера и забава.
Сите гости уживаа и одлично си поминаа. Иако помина една седмица од свадбата сè уште сме под импресии и со гостите се присетуваме на тоа колку добро си поминавме.
Идејата ни беше да шириме позитива и мислам дека успеавме во тоа“.