Бомбакис за CRNOBELO: „Не дека беше моја ама не сум бил на повесела свадба досега, бевме опремени со пиротехника до заби“
- Детали
- петок, 07 јули 2023
„Мислам дека ги имав најдобрите одела – во мој стил, а за Спасен Силјановски немам зборови“, вели Бомбакис за CRNOBELO.com за свадбата со саканата Вики, а таа додава: „Целата свадба помина дури и подобро од тоа што замислувавме“.
На 30-ти јуни Кристијан Станковски – Бомбакис, познат како дечкото со картони, и неговата сакана Вики направија прекрасна свадба, весела и во негов уникатен стил.
Особено внимание привлече со изборот на костуми со смели дезени.
Парот за CRNOBELO.com споделува детали како поминала прославата.
Кристијан за свадбата со Вики споделува:
„Не дека беше моја ама не сум бил на подобра и повесела свадба досега.
Сите весели од сам почеток до крај, голем респект до моите другари, кои не ме оставија во ниеден момент да се почувствувам осамено. Тоа е другарство.
Мислам дека ги имав најдобрите одела - во мој стил, благодарение на еден бренд за машки костуми, и беа подобри од очекуваното.
Бевме опремени со пиротехника до заби и другарите знаеја во кој момент да ја запалат и која песна да оди.
И јас и Вики и гостите сме презадоволни од услугата на ресторанот Парк.
За музиката да не зборувам, мислам дека видовте на мојот Инстаграм профил преку сториња. Феноменални беа група Мерак и 2Be.