Дводневен вело-фест во Конче и Мантово на 8 и 9 јули

Претстојниот викенд на 8 и 9 јули ќе се одржи дводневниот велосипедски настан Авантурите на Конче и Мантово, на Езерото Мантово во Општина Конче.

dvodneven-velo-fest-vo-konce-i-mantovo-na-8-i-9-juli-01.jpg

Во рамките на овој вело-фест ќе се одржат две велосипедски тури, кои ќе бидат надополнети со интересна програма.

Во сабота, покрај велосипедската тура околу езерото Мантово и можноста учесниците да кампуваат на брегот на езерото, во програмата се предвидени саем на локални производи и културно уметничка програма составени од настапи на фолклорни ансамбли, диџеј и бенд во живо.

Во недела е предвидена главната велосипедска тура во должина од 56 километри, по маркирани патеки низ природните предели на општината Конче кои за прв пат ќе им станат достапни на посетителите на настанот.

Се очекува во настанот да земат учество над двесте велосипедисти, а за сите заинтересирани пријавувањето е се уште отворено и може да се направи преку веб страницата prvdovrv.mk.

Учеството е целосно бесплатно и покрај наведените содржини, за учесниците се обезбедени и оброци, пијалаци, маички и сувенири.

Настанот е наменет за сите оние кои рекреативно возат планински велосипед, кои се чувствуваат физички подготвени за повеќечасовно возење во планинско-ридски предели и кои поседуваат неопходна опрема за ваков тип на возење.

Ко-организатор на настанот е здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје, а истиот е дел од проектот Netoural кој е ко-финансиран од Европската Унија преку Интеррег-ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција.

Би можело да ве интересира:

Жарко Димоски го прослави првиот роденден на синот - забава покрај базен во морнарски стил за Вито Освен на облеката во морнарски стил, актерот и неговата сопруга Андреа внимавале...
Мартија Станојковиќ во Дубаи - Позира во бикини Ручек покрај базен, ден поминат во познат ресторан на плажа и уживање во топлото...
Првпат запеале заедно во 2009-та, денес се неразделни – Како настанало дуото Дац и Александар? „На денешен ден, пред 15 години, Александар ја сними ’За век и векови‘. Во спото...
Уникатно запросување на Македонка во пустината Невада: „Тој клекна на колена во кал, носев бунда од ... „Дента го славевме мојот роденден, а Коста инсистираше да одиме пред скулпт...
Даниел Кајмакоски и сопругата Марина добија ќерка: „Мојата најголема авантура започна“ Даниел Кајмакоски откри дека со сопругата Марина добија ќерка - Емилија. Дани...
Прегратки во базен, забава на плажа: Нови фотки од одморот на Тамара со Лука и децата во Грција Авантура во автомобил, семејни прегратки во базен, уживање на душек во море и оп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg