Уште една хероина заѕвони на ѕвончето на Детска клиника - малата Ангела ја победи болеста, а братчето ѝ помага (видео)
- Детали
- четврток, 29 јуни 2023
„Нека грми сè од смеа и ѕвончето нека се слушне до крајот на светот, сестрата на Дамјан здрава си оди дома! Ете така вчера Ангела си замина од Клиниката за детски болести“, споделуваат од САНО, кои објавија емотивно видео како Ангела и братчето Дамјан, кое ѝ е поддршка, заедно ѕвонат на ѕвончето.
Дечињата кои успеваат да ги победат малигните болести се вистински херои, а завршувањето на лекувањето го одбележуваат со ѕвонење на ѕвонче и аплауз од персоналот на Детска клиника.
Ова ѕвонче внесува пријатно чувство и доза на надеж кај секого, а САНО, задружението за помош на деца со малигни заболувања и нивните родители, објави видео од Ангела:
„Нека грми сè од смеа и ѕвончето нека се слушне до крајот на светот, сестрата на Дамјан здрава си оди дома! Ете така вчера Ангела си замина од Клиниката за детски болести!
Бравооо, те сакаме херојке наша!
*видеото е објавено со дозвола на родител“.
Нека грми сè од смеа и ѕвончето нека се слушне до крајот на светот, сестрата на Дамјан здрава си оди дома! Ете така вчера Ангела си замина од Клиниката за детски болести! Бравооо, те сакаме херојке наша ❤️ *видетото е објавено со дозвола на родител
-->-->Posted by SANO on Wednesday, June 28, 2023
С. С. | Црнобело