Снешка од Скопје ги пофали своите соседи во Германија: „Соседите тука ти ги собираат алиштата од жица ако заврне“

„Си ги најдов алиштата здиплени во корпа и оставени покрај скали. Со соседите секогаш така си оставаме покрај скали, си се 'тинтраме' без да си пречиме“, Снешка Трајковска на Фејсбук сподели една приказна што ќе ве натера да размислите што значи да имате добри соседи кои се секогаш тука за да ви помогнат.

sneshka-od-skopje-so-ubava-prikazna-za-sozhivotot-so-sosedite-vo-germanija-doma-e-tamu-kaj-shto-sosedite-ti-gi-sobiraat-alishtata-od-dozhdot-01.jpg

На колкумина од вас ви се случило соседите само да ве гледаат додека се мачите нешто да направите и не сакаат да ви помогнат? Иако Германците важат за мошне студен народ, Снешка Трајковска која неколку години живее во гратчето Моерс дава сосема поинаква слика за животот таму.

Во таа насока оди и нејзината објава на Фејсбук страната, Огнените ѕверови на Дамјана, каде што сподели фотографија од нејзиното дворче, но и раскажа една случка за тоа како соседите се тука за да ѝ помогнат и ги „рушат“ стереотипите за тоа дека на Запад луѓето се студени и живеат изолиран живот без кафе-муабети и дружење со соседите.

sneshka-od-skopje-so-ubava-prikazna-za-sozhivotot-so-sosedite-vo-germanija-doma-e-tamu-kaj-shto-sosedite-ti-gi-sobiraat-alishtata-od-dozhdot-02.jpg

Оваа приказна се случила на почетокот по преселбата, додека сѐ уште Снешка и семејството живееле во куќата под кирија, пред да си купат стан, но тоа што го раскажува ќе ве натера да размислите дека некогаш и најмалите гестови може да значат многу за луѓето околу нас.

„Oва е дворчето во нашата нова дома, во новата земја далеку од старата дома. поглед од кујна утрово. врнежливо.

Го гледате дворчето?

А алиштата за сушење што се ставени?

Не гледате алишта?!?

Е па, не гледам ни јас, а ги ставив вчера да се сушат. Срипав сабајле во 5 часот да ги прибирам кога слушнав дека врне, го видов ова на фотографијава и си се пикнав пак во кревет да се доспијам.

Си ги најдов алиштата здиплени во корпа и оставени покрај скали. Со соседите секогаш така си оставаме покрај скали, си се 'тинтраме' без да си пречиме.

Им ја вратив корпата со чоколадо во неа.

Вчера си поседовме со соседот во двор. Си правевме муабет со Google Translate. Супер беше. Тој знае англиски, колку јас што знам германски. Нека е благословен Google Translate, ама се згазивме од смеење.

Не е до зборовите, до меракот за дружба е и чистата мисла.

Ме праша дали сме среќни тука со нив.

Си кажав што одамна си чувствував: ‘Да, многу сме среќни. Како дома сме’.

Дома е таму кај што соседите ти ги прибираат алиштата“ – вели за крај Снешка.

sneshka-od-skopje-so-ubava-prikazna-za-sozhivotot-so-sosedite-vo-germanija-doma-e-tamu-kaj-shto-sosedite-ti-gi-sobiraat-alishtata-od-dozhdot-03.jpg 

Да, навистина е така, Убаво е кога знаеш дека околу тебе секогаш имаш соседи и луѓе што секогаш ќе бидат тука за да ти помогнат, но и со кои можеш да го поминеш слободното време во смеење и дружба.

Инаку, Снешка во интервју за CRNOBELO.com зборуваше за преселбата во Моерс и за тоа како изгледа нивниот живот таму.

Целото интервју со Снешка можете да го проследите ТУКА.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Лила Филиповска емотивна за 30-тиот роденден на синот: „Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двига... „За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’, иако денес полниш 30 години! Со овие з...
Миа Костова си ја „отвори“ душата за синот: „Мислев секогаш ќе ми биде тешко, а види нè денес“ „Некогаш тешко ми беше малку со тебе на колк и купување на акција, ама види нè д...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Панчо му напиша искрено писмо на синот: „Најмногу сакам да станеш фудбалер, но ќе бидам горд и ако с... „Запамти едно, кое според мене е најважно, татичко. На тоа ме учеше мајка м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg