Раскошна венчаница и бели гулаби - Давид Темелков стапи во брак со хрватската водителка Елена Јунг (фото)
- Детали
- недела, 11 јуни 2023
Нашиот пејач Давид Темелков стапи во брак со својата свршеница, хрватската водителка Елена Јунг. На свадбата тој ѝ пееше на микрофон на својата сакана, а по црковната церемонија младенците пуштија бели гулаби.
Нашиот пејач Давид Темелков на Инстаграм Стори сподели повеќе видеа од свадбата во рамки на која стапи во брак со хрватската водителка Елена Јунг.
Како што може да се види од видеата свадбата се одржала во црквата „Света Богородица“ во Скопје, а младенците по светата венчавка разменија бакнежи и заедно во рацете држеа бели гулаби и ги пуштија да одлетаат.
На свадбената церемонија што се одржа во ресторан, гостите ги забавувале Анета и групата „Молика“, а во еден миг и Давид го земал микрофотнот и ѝ пеел на својата сакана.
Инаку, Давид се прослави со учеството во шоуто „X Factor Adria“. Благодарение на ова шоу, Давид станал близок пријател и соработник со хрватскиот пејач Тони Цетински, кој е главен виновник затоа што нашиот пејач се запознал со убавата Хрватка.
„Се запознавме по концертот на Тони Цетински и тоа случајно на афтер парти кога буквално се судрив со Елена. Не знаев која е таа, а ниту таа не знаеше кој сум јас. Веќе на првата средба имаше искри меѓу нас. Не можам да ви опишам што точно ме привлече кон Елена, но почувствував дека меѓу нас постои нешто посебно“ – рече во една пригода Давид.
Инаку, Давид ја запроси Елена во 2021-ва година на сцена додека настапуваше во Нова Градишка во рамки на „Музичкото лето“.
Б. С. Б. | Црнобело