Лила Филиповска во Дубаи и Турција, Миа Костова на Малдиви - Познатите Македонки ја отворија сезоната на одмори
- Детали
- четврток, 08 јуни 2023
Тијана Дапчевиќ беше во Египет, Илина Арсова помина неколку дена покрај езеро во САД, а Ведрана Ѓорѓевиќ беше на Еквадор, Малдиви, на Бали и во Дубровник - познатите Македонки ја почнаа летната сезона.
Летото сè уште не е официјално почнато, но одењето на плажа повеќе од еден месец е во полн ек. Од егзотични дестинации, преку рано летување, до продолжен викенд во соседството – познатите Македонки веќе ја почнаа летната сезона.
Лила неодамна беше во Дубаи и Турција, Миа Костова уживаше на Малдиви, а Елена Најдоски се сончаше во Хрватска и во Грција. Тијана Дапчевиќ беше во Египет, Илина Арсова помина неколку дена покрај езеро во САД, а Ведрана Ѓорѓевиќ беше на Еквадор, Малдиви, на Бали и во Дубровник...
Потемнети и згодни, тие објавуваа фотки и видеа од плажа, во костими за капење. А, фановите не штедеа комплименти за нивниот изглед, велат, која од која е поубава.
Кои познати Македонки веќе ја почнаа летната сезона?
Миа Костова
Тијана Дапчевиќ
Лила Филиповска
Елена Најдоски
Ведрана Ѓорѓевиќ
Илина Арсова
А. Ј. | Црнобело