Александра Шијакоска ужива на семеен викенд во Охрид, по романтичното запросување во Солун
- Детали
- понеделник, 05 јуни 2023
Нашата инфлуенсерка Александра Шијакоска уживаше на семеен викенд во Охрид. Александра, која неодамна се вери во Солун на зајдисонце, во македонскиот бисер беше со нејзиниот свршеник Едмонд, а друштво им правеа нејзината сестра Магдалена, внуците и зетот.
Инфлуенсерката Александра Шијакоска помина прекрасен и забавен викенд со семејството во Охрид. Таа преку фотки и видеа на Инстаграм, откри како си поминува со најблиските.
Нејзиниот сакан Едмонд го трчаше полумаратонот на годинешниот „Охрид трчат“.
И додека тој трчаше, внуците го бодреа застанати покрај езерото со транспарент во рацете: „Тетин е како Флеш, трчат, а нигде го нема“.
Шијакоска се пошегува дека овојпат во Охрид е како вистински турист, па го посети музејот во куќата на Робевци, но и Националната работилница за рачно изработена хартија, од каде што сподели неколку приказни.
Со семејството се забавуваше и на глисер, додека се возеа по Охридско Езеро, а викендот го завршија со посета на дедото на Александра.
„Денес стигнав да одам и кај дедо. Тоа значи сега можам мирно да си легнам да спијам“, напиша Шијакоска.