Почина Драги Шпага - првиот победник во македонско реално шоу
- Детали
- среда, 31 мај 2023
Драги Христов, попознат како Драги Шпага почина на 52 години по кратко и тешко боледување, откако му бил откриен рак на белите дробови.
Македонската јавност го памети по неговото учество во едно од првите реални шоуа што се снимија во државава „Тоа сум јас“, кое своевремено се емитуваше на МТВ, а Драги победи во првата сезона и како награда доби автомобил.
Освен тоа, тој беше главен актер во филмот за возрасни „Жена ми Мира пак мастурбира“, кој беше објавен на видеокасета.
Драги починал по кратко боледување од карцином на бели дробови, но и во изминатите години имал сериозни компликации со здравјето.
Тој бил погребан вчера (30.05) во кругот на семејството и најблиските пријатели.
Б. С. Б. | Црнобело