Наша докторка со впечатлив моден стил (фото)
- Детали
- среда, 31 мај 2023
„Прво модно правило ми е – ‘Секогаш средена’. Без разлика дали одам на работа, до маркет или излегувам во град... Се сеќавам, баба ми често велеше, не знаеш што ти носи денот и кого ќе сретнеш по пат. Многу точно. И секогаш сум за штикла пред патика, но знам да ги искомбинирам и двете работи, во зависност од ситуација“, вели доктор Маријана Манеска (30) од Скопје за CRNOBELO.com.
Маријана Манеска (30) од Скопје, или Dr.Maneska на Инстаграм, по професија е доктор, а работи и специјализира во областа на кардиологијата.
Таа обожава мода, патувања, шопинг и дружби со пријателите.
За навиките во секојдневието, но и модниот стил Маријана открива за CRNOBELO.com:
„Поголемиот дел од моето време е посветено на медицината, а последователно, секако, на фамилијата и пријателите.
Во слободно време се занимавам рекреативно со балет, моментално го изучувам и францускиот јазик, преку стипендија која ми овозможува да одам на едукација одреден период во Франција.
Сакам да патувам и секој слободен период од работни обврски гледам да го искористам за некое поблиско или подалечно патување. Дел од патувањата знаат да ми бидат и професионално ориентирани, едукации, конгреси во областа на медицината, но повеќе уживам во приватната режија.
Сакам убави фотографии, и Инстаграм користам за да споделам фоторгафија од некој убав момент, патување или креативен аутфит.
Сакам мода, и да гледам и да практикувам. Не секогаш постигнуввам да сум во тек со сите трендови, поради моите работни обврски и ограничено слободно време, но се трудам.
Прво модно правило ми е – „Секогаш средена“. Без разлика дали одам на работа, до маркет или излегувам во град - секогаш средена.
Се сеќавам, баба ми често велеше, не знаеш што ти носи денот и кого ќе сретнеш по пат. Многу точно.
Второ модно правило – „Кeep it comfortable“ (Да ти биде удобно). Преферирам да облечам нешто убаво, што истовремено ми дозволува да се чувствувам удобно.
Секогаш сум за штикла пред патика, но знам да ги искомбинирам и двете работи, во зависност од ситуација.