Наша докторка со впечатлив моден стил (фото)
Имам префинет и специфичен вкус, анализирам до детаљ кога станува збор за мода, а и за сè во животот.
Сакам да гледам урбани и смели стилови на облекување, но не секогаш се осмелувам да износам сè што ќе излезе модерно и актуелно, затоа што сметам дека сепак жената мора да има одреден стил на облекување, кој ја карактеризира, и не секогаш актуелното значи дека ќе соодветствува на тој стил.
Шопинг ме релаксира, едноставно. Одам во слободно време и многу често кога сум нервозна, тоа го имаат забележано и пријателите. Знам да купувам и онлајн, скоро секогаш си погодувам бројчиња, и на облека и на обувки.
Имам периоди кога знам да се контролирам при купување, но имам периоди и кога многу купувам.
Мислам дека немам многу чевли и чанти, но мајка ми не мисли така. Кога ќе размислам, имам повеќе чевли, отколку чанти.
Претходно не го спомнав моето трето модно правило, а тоа е дека секогаш обрнувам внимание на квалитетни и поскапи чанти, чевли и добар парфем, и тоа е тоа.
Имам еден гардеробер во мојот стан и еден кај мајка ми. Понекогаш не ме собираат и двата, па често мајка ми мојата стара облека ја подарува.
Сепак, на крајот од денот во поголем дел од времето мојот ООТD - outfit of the day е бел мантил“.