Најпознатата Македонка во Австралија го прослави 18-иот роденден на ќерката – Tатко ѝ е неподвижен, а се развеле кога таа имала само 2 месеци
Нивната ќерка Ив неодамна го прослави својот 18-ти роденден, а мајка ѝ Снежана важниот ден го одбележа на социјалните мрежи, објавувајќи нови фотографии на семејството:
„Моето малечко наполни 18 години оваа недела. Те сакаме и горди сме на жената која стануваш.
Од многу мала возраст ти ти се пресели и промени училиште, ги остави зад себе пријателите и членовите на семејството во Западна Австралија за да започнеш ново поглавје во Мелбурн.
Иако не беше секогаш лесно, ти секогаш знаеше како да се справиш со предизвиците и пречките и да ги надминеш за да ги оствариш сопствените цели, без разлика дали станува збор за чистење на собата за да смееш да излезеш или работењето на тоа да стигнеш во Њујорк и да студираш мода и маркетинг.
Многу сум горда на тебе. Само продолжи напред и не се откажувај од сопствените соништа.
Не само што си ми најстара ќерка, туку ти си една од моите најдобри другарки. Инаку, тоа што имаш 18 години не значи дека немаш одредено време за излез“ – напиша Снежана до фотографиите.
Погледнете повеќе фотографии од Снежана и Ив во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело