Милица Ризо Трајков за настапот во Ѕвездите на Гранд: „Овој круг беше многу напнат, повторно имав драматични стајлинзи“
- Детали
- недела, 28 мај 2023
„Осмина финале е и жирито беше со многу построги критериуми, што е нормално затоа што останати сме само 36 кандидати. Јас се претставив со песните „Црно и бело” од Калиопи и „Слатка мала” од Јелена Карлеуша. Идејата за стајлингот, како и секогаш, беше според песните“, вели Милица Ризо Трајков (18) oд Кавадарци за CRNOBELO.com.
Милица Ризо Трајков (18) oд Кавадарци е една од највпечатливите учеснички во „Ѕвездите на Гранд“ кога станува збор за изборот на стајлинг за сценските настап.
Па, како што најави претходно, така и беше во вчерашното издание (27.05) на „Ѕвездите на Гранд“ – повторно уникатна и впечатлива.
За CRNOBELO.com Милица открива детали за настапот:
„Во 6-тиoт круг морам да кажам дека беше навистина напнато.
Осмина финале е и жирито беше со многу построги критериуми, што е нормално затоа што останати сме само 36 кандидати.
Во мојата емисија имаше одлични кандидати. Како се намалуваат емисиите стресот е поголем.
Во бараж бевме 12 од вкупно 18 кандидати.
Јас се претставив со песните „Црно и бело” од Калиопи и „Слатка мала” од Јелена Карлеуша.
Идејата за стајлингот, како и секогаш, беше според песните. Стајлизните повторно беа драматични.
И покрај тоа што од жирито добив 4 гласови, мислам дека настапот ми беше солиден.
Мора да напоменам дека покрај вежбањето со мојот ментор Мили, голем придонес за мојот успех и напредок има и работата со нашата добро позната Андријана Јаневска, која е вистински професионалец.
Паралелно со снимањето на емисиите на „Ѕвездите на Гранд“ се подготвувам и за полагање на државна матура, која е многу важна за понатамошното образование.
Ова ми е малку тежок и напнат период, но се надевам дека крајниот резултат ќе биде одличен“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело