Лила Филиповска: „Минатата година ова време го поминував најтешкиот период во мојот живот“
- Детали
- вторник, 23 мај 2023
„Минатата година ова време го поминував најтешкиот период во мојот живот. И искрено се прашував дали ќе доживеам следно лето да уживам во убавините на животот. Најчестото прашање што си го поставував беше дали уживав доволно во животот и што пропуштив...“, гласи дел од емотивната објава на Лила Филиповска.
Денес (23.05) Лила Филиповска сподели дека минатата година ова време се борела со ракот, а оваа година ужива во Турција, откако ја оставила оваа немила епизода зад себе.
Преплавена од емоции, Лила сподели емотивна објава на Инстаграм.
Емотивната објава на Лила гласи:
„Минатата година ова време го поминував најтешкиот период во мојот живот. И искрено се прашував дали ќе доживеам следно лето да уживам во убавините на животот!
Најчестото прашање што си го поставував беше дали уживав доволно во животот и што пропуштив.
Сега, година подоцна се обидувам да си ги исполнам сите желби и кеифови без заддршка. Па, џабе живееш ако не уживаш во животот! А и полесно е кога имам неколку ама вистински пријатели со кои одам на патувањата, кои се моја пасија.“
Повеќе фотографии од Лила во Турција:
Прочитајте и Првиот емотивен говор на Лила Филиповска за борбата со ракот: „Плачев само двапати, периодот на дијагноза ми беше најтежок“
С. С. | Црнобело