Бајковита свадба на пар од Скопје - невестата во раскошна венчаница, младоженецот во розов костум и патики (фото)
- Детали
- среда, 24 мај 2023
„Во брак сме скоро две години, но поради пандемијата, плановите за свадба малку се одложија. Фустанот го купив од Истанбул, во ателјето на турската дизајнерка Ozlem Demirbasc. Рачна изработка е, со материјали на Zuhair Murad. Веднаш штом го облеков знаев дека е точно тоа што сум го замислила, па така го купив во првите 10 минути“, раскажува Натали Ергич (22) од Скопје за CRNOBELO.com.
Натали Ергич (22) и Никола Ергич (31) од Скопје стапија во брак во 2021 година, но поради пандемијата ја одложија свадбената церемонија и ја одржаа во мај 2023-та.
Тие ја организираа својата прослава од соништата со саканите, со многу декорации, впечатливи детали и уникатен избор на венчаница и костум.
Натали за CRNOBELO.com споделува детали за нивната свадбена церемонија:
„Во брак сме скоро две години, но поради пандемијата, плановите за свадба малку се одложија.
Истата ја планиравме околу една година дена и се одржа во ресторанот Ragusa Rooftop 360.
Тимот беше неверојатно професионален, се погрижија да ни ја исполнат секоја желба, и беа посветени до најмал детаљ, организацијата беше фантастична.
Целата декорација беше моја идеја, а беше остварена од страна на моја пријателка, неа ѝ беше најважно да го долови моментот како што јас сакав, и навистина успеа во тоа.
Замислата беше приемот на гостите да биде Apperol забава која ќе се одржи на прекрасната тераса, декорирана со големи, бели, цветни дрвца.
За музиката и добро расположение беше задолжен Dj Foodieman проследен со придружба од саксофон.