Бајковита свадба на пар од Скопје - невестата во раскошна венчаница, младоженецот во розов костум и патики (фото)
Фустанот го купив од Истанбул, во ателјето на турската дизајнерка Ozlem Demirbasc.
Рачна изработка е, со материјали на Zuhair Murad. Веднаш штом го облеков знаев дека е точно тоа што сум го замислила, па така го купив во првите 10 минути.
Никола, пак, сакаше да биде уникатен и различен. Тој не е тип што носи класични костуми и чевли, сакаше да биде свој и затоа се одлучи за розов костум во комбинација со Dior патики.
Костумот беше изработен по мерка и оттаму му рекоа дека е прв модел кај нив скроен во таа боја.
А за да се вклопиме со стајлингот, јас избрав розов бидермаер, во ист тон со костумот.
За фотографии беше задолжен тимот на „Say Yes“, кој максимално се потруди да имаме прекрасни спомени од нашиот најголем ден.
Најважно од сè, ни беше гостите да се чувствуваат пријатно, да бидат весели и да се забавуваат и сите заедно да го паметиме овој ден“.