Детски роденден во кичевско со тема фарма и „направи сам“ проекти со сено, шеќерни јаболка и рурален стил (фото)
Децата мислам дека најмногу се радуваа на јаболката – лижавки.
Купивме сок од јаболко со чеп, го обвиткав со хартија и врз него налепив гранки од јаболкница, па така децата сами се служеа, а тоа што сами точеа им беше многу забавно.
На масите каде што беа гостите имав ставено како подлога дрво, коешто исто така го изработи мојот сопруг, а врз него обична тегла декорирана со коноп, карирана лента и дрвце, а до него и свеќа. Подарочињата за децата ги спакував во хартиени кеси.
Останува да се сеќаваме на тој прекрасен ден, исполнет со многу импресии, смеа, забава, како за нас, така и за нашите гости“.
Прочитајте и Николина Ангеловска градот го замени со село: „Со сопругот и синот живееме во кичевско село со 120 жители – рај е“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело