Тоше победи на Беовизија, на телевизија гледавме „Наше маало“ – Настани во Македонија што се случија пред 20 години
- Детали
- вторник, 02 мај 2023
Во 2003-та, односно пред 20 години, Македонија не се натпреваруваше на Евровизија, но затоа, пак, Калиопи и Каролина издадоа некои од нивните најголеми хитови. Во Скопје, пак, беше реконструиран плоштадот Македонија. Што друго се случи во Македонија во 2003-та?
Дали ви се верува дека поминаа две децении од 2003 година? Можеби кога ја гледате само годината, не е тешко за верување.
Но, сигурни сме дека ќе бидете изненадени кога ќе сфатите кои настани се случиле пред цели 20 години.
Во 2003 година, Македонија не учествуваше на Евровизија. Но, истата година се одлучи дека Тоше Проески ќе нè претставува во 2004-та.
Ова е годината и кога Тоше победи на првото издание на Беовизија со песната „Чија си“.
Но, иако не бевме на Евровизија, 2003-та беше доста „плодна“ за македонската музичка сцена.
Каролина го издаде третиот студиски албум – „Знаеш колку вредам“, а Калиопи, пак, ја објави песната „Не ми го земај времето“ – хит што си го потпевнуваме до денес.
До крајот на 2003-та, Калиопи го издаде третиот студиски албум којшто го носи името на хитот.
Истата година, Елена Ристеска го издаде својот деби албум „Ден и ноќ“.
Ова е периодот и кога на телевизија се емитуваа некои до најдобрите македонски серии, како „Наше маало“.
фото: IMDb
Во 2003-та почна и снимањето на популарниот филм „Бал-кан-кан“ кој ќе ја доживее својата премиера две години подоцна.
2003-та е и годината кога почна да се доделува Златен прстен – македонска литературна награда.
Во Скопје, пак, беше реконструиран плоштадот Македонија.
Што вам ви остана во сеќавање од 2003 година?
Спирова С. | Црнобело