Перје и златни детали - Кавадарчанката Милица Ризо Трајков повторно во смел аутфит во „Ѕвездите на Гранд“
- Детали
- петок, 07 април 2023
Кавадарчанката Милица Ризо Трајков која во моментов настапува на „Ѕвездите на Гранд“, на Инстаграм објави нови фотографии со кои го покажа смелиот аутфит во кој ќе се појави на 29-ти април годинава. За нејзиниот моден избор сигурно долго ќе се зборува.
Кавадарчанката Милица Ризо Трајков (18) привлекува внимание со смелите аутфити со коишто настапува на „Ѕвездите на Гранд“, а како што може да се забележи од фотографиите што ги објави на Инстаграм, и за својот следен настап избрала впечатливо издание што нема да помине незабележано.
Црн аутфит со една ногавица и голем број златни детали, долго портокалово здолниште, како и моден детаљ за главата изработен од пердуви... Милица го одржа своето ветување и за наредното издание на „Ѕвездите на Гранд“ избра комбинација за која долго ќе се зборува.
„За вакво големо шоу како 'Ѕвездите на Гранд' сметав дека треба да се пријавам кога ќе наполнам 18 години затоа што оваа голема сцена не бара скромност, напротив бара нешто необично, несекојдневно.
На сцената секогаш се трудам да изгледам совршено. За стајлинзите во изминатите три круга се грижи цел тим, со кој заеднички одлучуваме да се претставам во најдобро светло.
Инспирацијата за стајлингот секогаш ми е во склоп со музиката“ – изјави таа претходно за CRNOBELO.com.
Прочитајте и Милица (18) од Кавадарци за „Ѕвездите на Гранд“: „Мили е одличен ментор, ќе настапам во уште похрабар аутфит“
Б. С. Б. | Црнобело