Романтично запросување на Македонка на јахта во Дубаи, со поглед кон најголемото панорамско тркало на светот (фото)
- Детали
- среда, 05 април 2023
„Во договор на Даре со капетанот, капетанот застана на претходно договорената дестинација, место со совршен поглед кон најголемото панорамско тркало на светот „Ain Dubai“ за да се сликаме. Тоа всушност било и замисленото место на Даре каде што сакал да ме запроси...“, споделува Елена Деспотоска (25) од Тетово за CRNOBELO.com.
Елена Деспотоска (25) од Тетово, по професија дизајнер за ентериер, беше запросена од страна на својот сакан Дарко Насков (30), исто така од Тетово, за време на нивното патување во Дубаи.
За CRNOBELO.com Елена споделува детали за нивната љубовна приказна и запросувањето:
„Во врска сме 5 и пол години, а од многуте летни дестинации коишто сме ги посетиле, Дубаи ни е една од омилените и затоа сме тука по вторпат.
Заедничките пријатели со кои сме тука, а воедно и Даре, инсистираа една од вечерите (сабота 01.04) да ја поминеме на јахта изнајмена само за нас и пријателите, не знаејќи што ме очекува.
Вечерта се упативме кон Дубаи Марина и тргнавме на обиколка на палмата (Palm Jumeirah).
Во договор на Даре со капетанот, капетанот застана на претходно договорената дестинација, место со совршен поглед кон најголемото панорамско тркало на светот „Ain Dubai“ за да се сликаме.
Тоа всушност било и замисленото место на Даре каде што сакал да ме запроси. Погледот беше магичен.
Во моментот кога се сликавме тој ме побара за жена, во позадина имаше спектакуларен огномет, а на „Ain Dubai“ се појавуваа срциња“.
Погледнете и како изгледа домот на Елена - На гости кај Елена: Раскошен дуплекс од 130m2 во Тетово со темни тонови и луксузни детали (фото)
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело