Димитар Атанасовски се пофали со трансформацијата на тело: „Далеку сум од посакуваната форма, но го избрав потешкиот пат“
- Детали
- четврток, 23 март 2023
„Нека стои ова овде. Само за да се потсетам секогаш кога нема да ми се станува за на тренинг и кога ќе сакам да ја изедам пола маса“ – напиша до фотографиите од трансформација на телото нашиот водител Димитар Атанасовски.
Нашиот водител Димитар Атанасовски на Инстаграм објави фотографии од трансформација на неговото тело, со кои покажува дека во период од една година полека се ближи до формата што сака да ја постигне.
Тој објави фотографии од типот на пред и потоа на кои покажа како изгледал на 23-ти март пред една година, а како изгледа сега.
„Нека стои ова овде...
Само за да се потсетам секогаш кога нема да ми се станува за на тренинг и кога ќе сакам да ја изедам пола маса…
Процесот е долг и е секогаш потешкиот пат, ама споро, полека, си ги покажува ефектите…
И нормално, мора да веруваш во него, што би рекле“ – напиша тој во објавата до фотографиите.
За крај, Димитар додаде дека сѐ уште е далеку од посакуваната форма, но не физичка, туку ментална и ниво на спремност, но дека и тоа ќе биде.
Инаку, претходно тој објави дека редовно тренира кросфит и сподели фотографија од тренинг.
Димитар е во брак со нашата позната пејачка и харфистка Сара Мејс. Тие во јули минатата година го добија синот Кирил, а заедно ја имаат и ќерката Илина.
Б. С. Б. | Црнобело