Водената стихија носи автомобили, разрушен цел автопат – Поплави во турските области што беа погодени од земјотреси (фото+видео)
- Детали
- среда, 15 март 2023
Градовите во Турција што пред само еден месец беа разрушени од силни земјотреси, сега се погодени од нова елементарна непогода. Силниот дожд предизвика поплави, а нивото на водата достигна до 2 метри. Погледнете повеќе видеа од погодените региони.
Силните дождови во Турција предизвикаа поплави во градовите Адијаман и Санлируфа што пред околу еден месец беа погодени од силни земјотреси.
Според информациите објавени во турските медиуми до 13 часот попладнево, вкупно 10 лица ги загубиле животите, а 3 се водат за исчезнати.
Силниот дожд започнал синоќа (14.03), а продолжил и денес во текот на денот што предизвикало силни поплави.
Водената стихија стигнала до височина од 2 метри.
Луѓето кои во силните земјотреси ги загубија своите домови и беа сместени во шатори, мораа да бараат ново засолниште, затоа што како што може да се види од фотографиите, овие области се целосно поплавени.
На социјалните мрежи масовно се споделуваат видеа од кои може да се види дека водената стихија носи сѐ пред себе.
Şanlıurfa tarihinin en büyük yağmuruna teslim oldu.#Şanliurfa #Urfa #yagmur #sel #Şanlıurfa pic.twitter.com/M5Cm1Hwfy0
— Kenan Toprak🇹🇷🇳🇬 (@kenantoprak63) March 15, 2023
На социјалните мрежи се споделува едно видео на коешто се гледа како поплавата однесе дел од автопатот во Хилван.
#Şanlıurfa ‘da yaşanan sel sonrası Hilvan - Bozova yolu Ördek Köyü noktasında sel suları karayolunu yuttu. pic.twitter.com/nXGmYF9E6d
— 23 DERECE (@yirmiucderece) March 15, 2023
Исто така се споделува и видео од поплавена болница, каде пациентите по папучи се движат низ водата.
https://twitter.com/isyanbu3535/status/1635944564232945666
На едно од видеата се гледа како водата носи автомобили на улиците.
Şanlıurfa, Deprem'den Sonra sele teslim oldu... pic.twitter.com/96etrpTQyM
— Hasan Savaş (@HasanSavas_) March 15, 2023
Б. С. Б. | Црнобело