Латекс, перје: Македонки кои се појавија во највпечатливи модни изданија во „Ѕвездите на Гранд“
- Детали
- понеделник, 13 март 2023
Од најсмелата и најексцентрична Марија Груевска до сексапилната Андријана Петрушовска, гола и излепена само со самолеплива трака, и младата, но провокативна Милица Ризо Трајков... Кои беа највпечатливите изданија на македонските претставнички во познатото регионално музичко шоу?
Oд креации со перје до латекс костими со ушиња како мачка и голи, но излепени со самолеплива лента, овие Македонки, покрај силен вокал, покажаа и дека се подготвени за модни експерименти.
Тие направија сè што е во нивна моќ за да остават силен впечаток во шоуто „Ѕвездите на Гранд“.
Некои завршија со натпреварувањето, некои се актуелни оваа сезона.
Во интервју за CRNOBELO.com дизајнерот Златко Јовановски за Марија Груевска, една од натпреварувачки со смел моден стил во шоуто, изјави:
„Искрено Марија Груевска ме прослави доста во регионот, бидејќи моето име се спомна во ударен термин на телевизија, кога сите се пред малите екрани.
Посебно гласот на Јелена Карлеуша во тоа регионално шоу најдалеку и најгласно се слушаше, и токму она праша за моја креација „Кој дизајнер се крие позади таа висока мода?!“ Тоа е реклама што нема цена. Ама вистина.
Јас, морам да кажам дека имав потполна слобода во костимите на Марија Груевска. Одевме на сè или ништо.
Заедно јас и таа охрабривме многу други натпреварувачи да бидат посмели во стајлингот.
Креација што најмногу го отсликува мојот бренд е оној златен широк фустан со голема круна на глава по кој и сите ја запаметија, а најексцентрична креација дефинитивно ни било пресоблекувањето од калуѓерка во бурлеска секси костим. Тоа беше шок и бум за сите.“
Марија Груевска
Милица Ризо Трајков
Андријана Петрушовска
https://www.instagram.com/p/CdY7Tptrvdu/
Прочитајте и Милица (18) од Кавадарци за „Ѕвездите на Гранд“: „Мили е одличен ментор, ќе настапам во уште похрабар аутфит“
С. С. | Црнобело