Инспиративната Србинка без раце ја облекува ќерка си со помош на нозе - видео што ќе ве трогне
- Детали
- понеделник, 06 март 2023
Само мајка го може ова! Дејана Бачко од Србија нема раце, но има огромна љубов за својата новородена ќеркичка, па така успева да ја облече со помош на своите стапала.
Дејана Бачко од Нови Сад е девојка без раце, која се прослави во регионот, откако покажа дека во животот не постојат ограничувања, само треба доволно да се сака и сè е возможно.
Така, таа се оствари и во улогата на мајка со својот сакан Марко, а по воодушевувачкото видео на кое успева да ја храни својата ќерка, иако нема раце, сега таа објави видео на кое ја облекува.
Со помош на прстите од стапалата таа ја облекува својата малечка, а видеото трогнува и е доказ за огромната мајчинска љубов.
Погледнете го видеото:
С. С. | Црнобело