„Сакам бочва вода и целиот сладолед на светот“ - Желбата на 8-годишно дете извлечено од под урнатините во Турција (видео)
- Детали
- понеделник, 13 февруари 2023
Спасувачите ископаа тунел за по 155 часа да го извлечат малиот Семих од под урнатините, а тој успеа да ги насмее сите со своето наивно детско барање. Прво нешто што побара е да му го донесат целиот сладолед на светот.
Расте бројот на починати во земјотресот што ги зафати Турција и Сирија, но желбата на ова мало 8-годишно момче украде насмевка кај сите во земјата.
Приказните за преживеаните лица и 7 дена по катастрофалниот земјотрес се зрак светлина во трагедијата и очајот што завладеа по несреќата.
Додека сè уште трае потрагата по преживеани во Турција по катастрофалниот земјотрес што го зафати југот на земјата, турските медиуми масовно објавуваат нови видеа и вести за лицата што и по 7 дена се извлечени живи од под урнатините.
Децата со нивните желби и наивни одговори некогаш успеваат да нè насмеат и во моментите кога ни е најтешко, а таков е и случајот со 8-годишниот Семих Еге Инче, кој беше изваден од под урнатините во Газијантеп, дури 155 часа (7 дена) по земјотресот.
Рударите од Сомалија успеаја да ископаат тунел под урнатините од станбен комплекс и од него да го извлечат 8-годишното момче, а неговата желба по извлекувањето е снимена на видео и ги насмеа сите.
Додека го носеа на носилки, спасувачите го прашаа малиот Семих што сака да му дадат, а тој рече:
„Сладолед од јагода. Донесете ми го целиот сладолед на светот и вода во бочва!“
По ова спасувачите го прашаа дали ќе ја испие целата вода, а тој им одговори:
„Да, ќе ја испијам, многу сум жеден!“
Погледнете го видеото:
https://twitter.com/msaustudio/status/1624913625524625408
Б. С. Б. | Црнобело