Првиот дечко ѝ загинал, има дует со Врчак: Факти за Анабела Атијас, позната како Фанки Џи и мајка на Луна Џогани
-->
По големиот број проблеми, во април 2009-та година Гаги и Анабела одлучиле да се разведат и да ја прекинат соработката, а Анабела изјави дека поранешниот сопруг ја малтретирал психички и физички и дека бил зависник од опојни супстанции и дека не сака да плаќа алиментација за децата.
Во 2012-та година ја започна врската со бизнисменот Андреј Атијас, кој е 11 години помлад од неа, а ќе се венчаат истата година во декември. Следната година во мај ја добиле ќерката Бланкица.
Анабела во неколку наврати зборуваше дека кај Андреј најмногу ѝ се допаѓа што ги прифатил нејзините ќерки како негови.
-->
Во 2019-та година дел од медиумите пишуваа дека тие двајца се развеле, а во јануари 2020-та таа откри дека одлучила да се смири со него, но дека ѝ е страв повторно да се венча со него, затоа што според неа тоа парче хартија само ѝ создава притисок.
Анабела освен што има богата музичка кариера позната е и по тоа што била учесничка во повеќе реални шоуа, а се знае дека прво се противела на тоа ќерка ѝ Луна да влезе во „Задруга“, но кога видела дека не може да ја спречи, одлучила да не се противи.
Луна двапати учествуваше во „Задруга“, а за време на второто учество се запозна со Марко Миљковиќ со кого сега е во брак и има едно дете. На почетокот Анабела јавно се противеше на нивната врска. Дел од медиумите шпекулираа дека Анабела и Марко имале афера пред тој да влезе во шоуто.
Освен големиот број познати српски хитови, македонската публика ќе ја помни Анабела и по соработката во Врчак на песната „Вештица из Србије“ која беше вистински хит.
https://www.youtube.com/watch?v=1sKWNVzb5FI
-->
-->
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ
Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“
„Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Првата жена пилот во Turkish Airlines: „Мајка ми ми велеше дека ова не е женска професија“
„Бев многу мала кога ѝ кажав на мајка ми дека сакам да бидам пилот, а таа ми одг...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир
Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
„Ми се скрши нокт на склекови“ - Хит видео на Хрват за младите момци на кои им воведоа воен рок
„Нѐ натераа сами да си ги местиме креветите, немав време за мојот ритуал за убав...
15 години по разводот, Анабела Атијас и Гаги Џогани пак се во пријателски односи: „Децата нè зближиј...
Го обвинуваше за насилство и неверство, па се разведоа… Во првите години по разв...