Гласини за афера со 13 години постариот колега, родителите не ѝ дозволувале да глуми – Која е Сила Туркоглу, актерката од „Аманет“?
- Детали
- понеделник, 02 јануари 2023
Во последната сезона од серијата „Аманет“ морале да користат замена што ќе ја игра нејзината улога, откако актерката без никаква најава одлучила да си замине. Кружат гласини дека имала афера со 13 години повозрасниот колега со кого ги играат главните улоги – факти за Сила Туркоглу.
Вљубениците на турските серии ја знаат по улогата на Сехер во „Аманет“. Сила Туркоглу (23) важи за една од најпознатите актерки во Турција, а привлекува внимание и заради врската со нејзиниот колега Халил Ибрахим Џејхан (36) со кого заедно ги толкуваат главните улоги во споменатата серија.
Сила Туркоглу е родена во 1999-та година во Измир, Турција, а додека била во средно образование почнала да зема часови по глума.
„Сакав да бидам сликарка, ме интересираше и одбојката, но никогаш не можев да кажам дека тоа е професијата што сакам да ја работам до крајот на животот, бидејќи на првата препрека веднаш застанував и велев: ’не оди ова вака‘.
Сè додека еден учител во училиште не основа аматерски театар и не ме покани да дојдам. Ја сакав атмосферата зад сцената, аплаузот по настапот и фактот дека луѓето те гледаат“ – раскажува таа.
Тоа бил моментот кога одлучила да се занимава со глума, но вели дека нејзината одлука не била веднаш прифатена од страна на нејзините родители, кои се надевале дека желбата за глума е само фаза што ќе ѝ помине за брзо време.
Иако се појавила во повеќе други турски серии, најголемо внимание привлече со улогата во серијата „Аманет“, која истовремено била прогласена за најдобра серија во 2020-та година.