Весна Змијанац откри непознати детали: „Николија носи моја облека, од една песна заработив 500.000 евра“ (видео)

Песните на Весна Змијанац се пеат со години наназад, а не крие дека хитовите како „Јорговани“ и „Невера“ ѝ донеле вистинско богатство. Таа откри и дека понекогаш нејзината ќерка Николија на настапите носи нејзина облека, но и дека сака еден ден тие две да снимат дует.

vesna-zmijanac-otkri-nepoznati-detali-nikolija-nosi-moja-obleka-od-edna-pesna-zarabotiv-500-000-evra-video-01.jpg

Весна Змијанац беше гостинка во Амиџи Шоу кај Огњен Амиџиќ, а откри дека во иднина сака да сними дует со нејзината ќерка Николија, но и колку пари заработила од нејзините хитови.

vesna-zmijanac-otkri-nepoznati-detali-nikolija-nosi-moja-obleka-od-edna-pesna-zarabotiv-500-000-evra-video-02.jpg

Весна сподели дека од некои хитови што се слушаат со децении наназад заработила и по 500.000 евра.

Песните што ѝ донеле најмногу пари се „Јорговани“ и „Невера“.  На прашањето дали би избрала добра песна или половина милион во кеш, таа рече:

„Од само еден мегахит што со години трае може да се заработат најмалку 500.000 евра. Тоа може да биде некоја сериозна песна, како што се на пример: ‘Јорговани’, која се слуша над 35 години. Иста таква е и ‘Невера’, што ја снимив пред 45 години, а сѐ уште ја пеам на настапи.

Замислете само колку пати за сите овие децении сум ја испеала таа песна за пари и колку сум заработила на неа. И во денешно време можете да ‘уловите’ еден таков хит“ – вели Весна.

vesna-zmijanac-otkri-nepoznati-detali-nikolija-nosi-moja-obleka-od-edna-pesna-zarabotiv-500-000-evra-video-03.jpg

Инаку фолкерката откри дека еден ден би сакала да сними дует со ќерка ѝ Николија, но дека сѐ уште не ја нашле вистинската песна што би им одговарала.

Интересен момент во емисијата беше кога беше прикажано видеото во кое се гледа дека Николија честопати на настапите сака да носи облека од нејзината мајка.

vesna-zmijanac-otkri-nepoznati-detali-nikolija-nosi-moja-obleka-od-edna-pesna-zarabotiv-500-000-evra-video-04.jpg

Може да се види дека Николија во две прилики носела фустан и корсет што во минатото ѝ припаѓал на нејзината мајка.

„Тоа е моја облека што јас сум ја зачувала за неа. Има некои парчиња што биле многу скапи и што таа ги носела. Има и некои други парчиња што таа ги чува за ќерка ѝ Реа“ – откри Весна.

Инаку, Весна Змијанац ја доби Николија од врската со Владо Јовановиќ, кој во минатото беше шеф на маркетинг во РТС.

Posted by Vesna Zmijanac on Monday, January 13, 2014

Во една прилика Николија откри дека нејзиниот татко не се сложува со тоа што таа одлучила да ги следи стапките на нејзината мајка:

„Татко ми е ‘алергичен’ на сѐ што е поврзано со шоу-бизнисот, уште од периодот кога беше со мајка ми. Тој како доктор на науки не би ме советувал да се занимавам со пеење“ – откри Николија во една изјава.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Мајка ѝ не сакала да ѝ помогне, Цеца ѝ го плати лекувањето – Тажната приказна на Исидора Бјелица „Како да не ве боли кога мајка ви оди на одмор додека сте на хемотерапија, или а...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се... „Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишнат...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg