Магична претпразнична атмосфера во домот на Јелена Карлеуша – не штедела на луксузни декорации (фото+видео)
- Детали
- среда, 21 декември 2022
Светлечки декорации, елегантно украсени елки, луксузни орнаменти... Јелена Карлеуша сподели видеа и ни дозволи да погледнеме како изгледа луксузно декорираниот дом на Дедиње, каде се пресели годинава.
Јелена Карлеуша оваа година се всели во новата вила на Дедиње, а сега на Инстаграм се пофали со празничните декорации во нејзиниот дом.
Таа објави неколку видео снимки во кои може да се види дека водела сметка за секој детаљ и да создаде магична претпразнична атмосфера во нејзиниот дом.
Карлеуша секоја година традиционално објавува видеа и фотографии од декорациите, а ова е првпат јавноста да има можност да ѕирне во нејзината нова вила, каде се вселија со сопругот Душко Тошиќ кратко пред да најави дека се разведуваат.
Таа претходно даде интервју за српските медиуми во кое кажа дека има гардеробер од 250m2 , а додека ја уредувала куќата не водела сметка за модата, туку сакала во неа да бидат среќни, да чувствуваат мир, спокојство и убава енергија.
Прочитајте и „Имам гардеробер од 250m² и вработена што мора да ја знае цела колекција“ – Јелена Карлеуша го покажа домот во кој се вселија со Душко пред да се разведат
Од објавените видеа може да се види дека таа водела подеднакво сметка како за декорациите на надворешниот и внатрешниот простор, па во куќата има повеќе новогодишни елки, а секоја е декорирана со сопствена тематика и со луксузни декорации.
Погледнете фотографии и видео од магичната атмосфера во домот на пејачката:
Б. С. Б. | Црнобело