Се обвинуваше себеси за смртта на мајка му – Синот на Марина Туцаковиќ пронајден мртов во Израел
- Детали
- вторник, 20 декември 2022
„Заради тебе завршив тука“ – наводно овие зборови во афект му ги рекла Марина Туцаковиќ на својот син Милан по отстранувањето на дојката. Сега, нешто повеќе од една година по нејзината смрт и нејзиниот друг син е најден мртов на улица во Израел.
Текстописецот и синот на Марина Туцаковиќ, Милан Радуловиќ Лаќа е пронајден мртов во Израел. Во последното интервју рече дека мајка му во една прилика го обвинила дека тој е виновен за нејзината болест.
„Лаќа на 12-ти декември беше пријавен за исчезнат. Добив информација дека бил најден улица во Тел Авив. Не ни е познато во каква ситуација бил затекнат“ – информира за српските медиуми таткото на Милан и вдовец на Марина Туцаковиќ, Александар Радуловиќ Фута.
Инаку, во септември минатата година, српскиот текстописец Марина Туцаковиќ, која е автор на голем број балкански хитови почина по долготрајна борба со ракот.
Синот Милан тргна по нејзините стапки и пишуваше текстови за голем број српски музичари.
Инаку во своето последно интервју, Лаќа говореше за сопствениот живот, откри дека мајка му сакала да го абортира затоа што немале доволно простор за живот, а откри дека неколку дена откако ѝ ја отстраниле дојката Марина во афект му рекла:
„Заради тебе завршив тука“.
Познато е дека Милан беше зависник од хероин и дека долго време бил на рехабилитација, а во една прилика рече дека успеал да се излекува благодарение на мајка му и татко му.
Во 2010-та година почина и постариот брат на Милан, Милош, кого мајка му го нашла како лежи неподвижен во постелата.
Прочитајте и За еден стих заработила 100.000 евра, живееше во длабока болка по загубата на синот – Факти за Марина Туцаковиќ
Б. С. Б. | Црнобело