Марина Туцаковиќ ја загуби битката со тешката болест – Почина во 67-мата година од животот

По подолго боледување и борба со ракот, текстописецот Марина Туцаковиќ ја загуби битката и почина во 67-мата година од животот.

marina-tucakovikj-ja-zagubi-bitkata-so-teshkata-bolest-pochina-vo-67-mata-godina-od-zhivotot-01.jpg

Марина Туцаковиќ, жената која напиша некои од најпознатите хитови од српската музика, што се добро познати и на балканската и македонската публика, почина во 67-мата година од животот.

Како што јавуваат српските медиуми, веста за нејзината смрт ја потврдил и нејзиниот сопруг Александар Радуловиќ Фута.

Инаку, Марина подолго време боледуваше од рак на дојката и во изминативе денови итно беше пренесена во болница поради отежнато дишење.

Taa ќе остане запаметена како авторка што напиша поголем број песни за балкански познатите пејачки Цеца, Лепа Брена и Јелена Карлеуша.

Некои од песните што таа ги напишала и по коишто публиката ќе ја помни се: „Додирни ми колена“ од Зана, „Зора је“ на Неда Украден, „Ослони се на мене“ на Оливер Мандиќ, како и „Хајде да се волимо“ на Лепа Брена.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сара Јо се моли за Панчо ДНК: „А, ти, добар наш Панчо... Знам дека се бориш лавовски, така како што ... „Не постои миг, а да не мислиме на тебе. Со целото срце и душа сме со тебе“, му ...
Едниот син таа го пронајде мртов, другиот се предозира во Израел: Трагедиите во семејството на Марин... Во 2008 година, ненадејно почина помладиот син на Марина Туцаковиќ. Во 2021-ва т...
Лепа Брена остава без здив во бикини на Тајланд со сопругот - згодна како млада девојка и на 64 годи... Додека закрепнува од повредата на ногата, Брена ужива на Тајланд, од каде повтор...
Една од најубавите Србинки откри како успева набрзина да ослабе: „За жал, лебот не ни е пријател“ Актерката Јелена Гавриловиќ (41) е многу посветена кога станува збор за тренинзи...
Животот на Вељко Ражнaтовиќ и Богдана - имаат 3 сина, гламурот на Белград го заменија со живот на се... „Пресвртен момент за мене да се преселам на село беше моментот кога сфатив дека ...
„Кога ќе ме нарече Фахрета, знам до каде е работата“: Лепа Брена искрено за кавгите со Боба „Постојано се лутевме еден на друг. Балканските мажи се научени да е сè по нивно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg