Пред секс скандалот во Катар имаше гласини за афера со сопругот на Јелена Карлеуша, се сликала за „Плејбој“ – Што знаеме за Софија Мило?
- Детали
- недела, 11 декември 2022
Беше верена со синот на Лепа Брена, гласини за афера со сопругот на Јелена Карлеуша, а ја вплеткаа во секс скандалот во Катар – Што знаеме за Софија Милошевиќ, свршеницата на српскиот фудбалер Лука Јовиќ за која се тврди дека имала афера со дечкото на Анастасија Ражнатовиќ?
Освен што се пишуваше за наводна афера меѓу Душан Влаховиќ и Ана Рајковиќ, странските медиуми кога пишуваа за секс скандалот на српските фудбалери во Катар, нагласија дека дечкото на Анастасија Ражнатовиќ, Немања Гудељ имал врска со свршеницата на неговиот колега Лука Јовиќ.
Гудељ и Јовиќ, на пишувањата одговорија со фотографија од соблекувалната со цел да покажат дека се во одлични меѓусебни односи, на кои се шегуваа дека се подготвени за борба, а никој од нив не ги коментира пишувањата за наводната афера меѓу Гудељ и Софија Милошевиќ.
Софија Милошевиќ (31) е една од најпознатите српски манекенки, која во изминатиот период го привлекува вниманието заради врската со познатиот српски фудбалер, а ова не било првпат таа да биде вмешана во ваков скандал.
Што знаеме за убавата русокоса Србинка?
Софија Милошевиќ ја започнала манекенската кариера на само 14 години. По завршувањето на средното образование се запишала на бизнис студии во САД.
Таа работела за голем број познати модни куќи, меѓу кои Valentino, Calvin Clein, Donne Karan, Agent Provocateur, Marc Jacobs, Ralph Lauren, Betsey Johnson, а Том Форд бил толку многу воодушевен од неа ѝ рекол дека долго време немал видено толку убава девојка.
Во февруари 2017-та година таа се фотографираше за Playboy.
На 16 години кратко време била во врска со српскиот тенисер Виктор Троицки, а потоа била верена и за Филип Живојиновиќ, синот на сопругот на Лепа Брена, Слободан Живојиновиќ.
Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:





