Анастасија Ражнатовиќ во Шпанија со Немања Гудељ, по гласините дека се скарала со мајка му и сестра му
- Детали
- среда, 07 декември 2022
„Мајката и сестрата на Немања Гудељ ја отследиле Анастасија Ражнатовиќ на Инстаграм, а во Катар побарале да седат подалеку од неа, наводно им пречело што Немања целото слободно време го поминува со неа“ – гласини дека ќерката на Цеца ги скарала членовите во семејството на нејзиниот дечко.
За време на светското првенство во Катар нејзиниот дечко Немања Гудељ беше вклучен во секс скандал, откако дел од светските медиуми пишуваа дека тој има нарушени односи со колегата од репрезентацијата Лука Јовиќ, затоа што спиел со неговата свршеница Софија Милошевиќ.
Но, додека светските медиуми беа сконцентрирани на секс-скандалот за српските медиуми беше поинтересно тоа што неговата девојка Анастасија навиваше сосема сама на трибините, а не со најблиските членови на семејството Гудељ.
Таа објави повеќе фотографии на Инстаграм на кои се гледа дека го бодрела својот дечко од трибините, а она што беше забележително е дека седи подалеку од семејството на нејзиниот дечко.
Во Катар, освен Анастасија за Немања Гудељ и за српската репрезентација навиваа и неговиот брат, сестра му Вања и мајка му Оливера.
Наводно, според гласините мајката и сестрата на Немања се во лоши односи со Анастасија и побарале да седат подалеку од идната снаа.