Грашо во Дубровник, Џибони во Будва, скопјани во исчекување – кој ќе настапува на плоштадите во регионот за дочек на 2023?
- Детали
- среда, 14 декември 2022
За Македонија уште не е познато каква новогодишна програма ќе има на плоштадите и уште се очекува официјална информација, но градовите во регионот веќе најавија кои пејачи ќе настапуваат за дочекот на новата 2023 година. Каде ќе отпатувате вие?
Додека некои луѓе сакаат да бидат на топло со организирана забава, храна и пијалаци во некој локал или дома, други уживаат новата година да ја дочекаат во некој град во околината или подалеку, додека се забавуваат на новогодишна програма на плоштад.
Кај нас уште се очекува официјална информација за тоа каква програма ќе има за дочекот на новата 2023-та година на плоштадите низ градовите, но земјите во регионот веќе работат на случајот.
Во Србија пак, рестораните и хотелите низ Белград, Златибор и други атрактивни места веќе се речиси резервирани за настапите на некои од најпознатите изведувачи, а за дочекот на плоштадите објавена е агенда за помладата публика во главниот град, додека пак Хрватска има богата програма за голем број од градовите.
Иако не секаде е официјално објавена програмата, сепак некои градови веќе имаат соопштено кој изведувач ќе ја забавува публиката на плоштадите.
Северина, Џибони, Сенида, Бебек, Чолиќ - каде ќе ве одведе вашиот омилен изведувач?
Погледнете во продолжение каква ќе биде програмата и одлучете каде ќе отпатувате:
Белград, Србија: Газда Паја, Нучи, Војаж и Теодора Џехверовиќ
Загреб, Хрватска: Сенида
https://www.instagram.com/p/Cl1wuOiIWpL/
Дубровник, Хрватска: Петар Грашо
Сплит, Хрватска: Северина
Будва, Црна Гора: Џибони
Тиват, Црна Гора: Perpetuum Mobile Band, Индира (екс Колонија)
Котор, Црна Гора: Здравко Чолиќ
Сараево, Босна и Херцеговина: Дубиоза Колектив
Мостар, Босна и Херцеговина: Жељко Бебек
Бања Лука, Босна и Херцеговина: Гоца Тржан (непотврдено)
M. M. | Црнобело