Останала бремена од НБА кошаркарот додека работела како стриптизета, денес заедно имаат 3 деца - Која е српската Ким Кардашијан?
- Детали
- сабота, 19 ноември 2022
Се гледале додека таа работела како стриптизета во Мајами, останала бремена и го тужела за да докаже татковство, а денес Данијела Рајиќ е во брак со славниот кошаркар Пол Џорџ. Погледнете како денес живее скандалозната стриптизета, што ја нарекуваат српската Ким Кардашијан.
Американските медиуми ја нарекуваат српската Ким Кардашијан, а во последните неколку години Данијела Рајиќ беше актуелна во светските медиуми заради скандалозната врска со НБА кошаркарот Пол Џорџ.
Данијела Рајиќ (32) има српско потекло, а пораснала во САД.
Со познатиот кошаркар на Клиперс, Пол Џорџ (32) се запознала во периодот кога работела како стриптизета и танчарка во еден клуб во САД, а наводно таа почнала да работи во клубовите на возраст од 18 години.
Во периодот кога се запознале, Пол бил во врска со друга девојка, Кали Риверс која кога дознала за неверството на кошаркарот веднаш му раскинала.
Данијела во 2013-та година се откажала од работата и набрзо останала бремена со нивното прво дете. Откако се породила, Данијела морала да направи ДНК анализа за да докаже дека ќеркичката Оливија е ќерка на Пол, а потоа излезе во јавност и тврдеше дека наводно кошаркарот ѝ понудил 1 милион долари за да абортира.
Во 2014-та година Данијела го тужеше Пол и бараше од него во целост да се откаже од старателството над девојчето, и откако го приложи доказот за татковството бараше од него да ѝ исплати алиментација.
Додека сите очекуваа скандалите околу татковството да продолжат и да се провлекуваат во таблоидите, Пол и Данијела ги изненадија сите кога одлучија да ѝ дадат втора шанса на врската.
Во 2021-ва година ја добија ќерката Наташа, а истата година Пол клекна на едно колено и ја побара Данијела за сопруга, по што го добија и синот Вук.
Во јули годинава Пол и Данијела имаа свадба на која присуствуваа голем број нивни роднини и пријатели.
Инаку се претпоставува дека кошаркарот на „Клиперс“ има богатсво од околу 110 милиони долари, а Данијела редовно објавува фотографии на Инстаграм од кои може да се види како изгледа луксузот во кој живеат.