Храбра осмоодделенка од Загреб снимила пензионер (81) кој ја вика на пијалак и колачи - пример за девојчиња да препознаат педофилија (видео)
- Детали
- четврток, 17 ноември 2022
„Ајде да одиме на пијалак“ – го почнува старецот разговорот со храброто девојче од Загреб, кое успеа да го сними со мобилен телефон пензионерот кој се обидувал на секој начин да ја наведе да тргне со него додека се враќала од училиште.
Иако девојчето не успеало да му го сними лицето на старецот, сепак нејзината видео снимка масовно се споделува на социјалните мрежи и во медиумите од регионот.
Жителите на Загреб масовно го споделуваат видеото со предупредување до родителите да внимаваат затоа што околу училиштата во Загреб има педофил кој се обидува да ги заведе девојчињата.
На снимката се слуша како старецот прво го распрашува девојчето кое одделение е и во кој клас учи.
Тој потоа вели дека и тој има син осмоодделенец, но не знаеше точно да каже во кое училиште учи. По ова почна да го прашува девојчето како е, а потоа му понуди да одат на пијалак, сок, кафе, колачи, додека девојчето го одбива.
Откако девојчето го одби, тој упорно почна да ѝ го бара бројот на телефон или телефонскиот број на нејзината другарка.
Видео снимката брзо се прошири на социјалните мрежи, а хрватските медиуми информираат дека по ова интервенирала и загрепската полиција.
Според Jutarnji.hr станува збор за 81-годишен старец кој добил пријава за обид за намамување деца со цел задоволување телесни потреби.
По ова старецот бил ставен во притвор, а допрва ќе се одлучува за тоа дали ќе му биде изречена затворска казна.
Погледнете го во продолжение видеото од храброто девојче:
Upozorenje za sve roditelje ❗️❗️❗️PEDOFIL očito uhodi djevojčice i pita za brojeve i traži da se ide s njim na kavu i kolače. Djevojčica nije uspjela nažalost snimiti lice . Ovo se dogodilo prije par minuta Ulica Savka Opatovina
Posted by Ela Miličević Adamović on Monday, November 14, 2022
Б. С. Б. | Црнобело