Србинка во посета на племињата во Етиопија: „Жените се радуваат кога ги камшикуваат, ги фрлаат своите деца на крокодили“ (видео)
Јована открива дека куќата на жителите на ова племе им е шатор од дрва, каде целото семејство живее заедно. Нема соби, само под и престилки, а тоа значи дека новиот живот настанува пред очите на децата и родителите што живеат во истата куќа.
„Децата не одат во училиште. Не знаат ниту што се играчки. Пред да си заминеме на две девојчиња им дадовме плишани играчки, па возачот ни рече да им ги земеме затоа што не знаат што да прават со нив, па ќе ги фрлат и подобро е да им ги дадеме на некои деца од некое друго племе.
Очекувавме дека ќе плачат кога ќе им ги земеме играчките, но кај нив немаше никаква реакција. Луѓето од нас бараа облека и гледам дека многумина им оставаат очила. Јас останав без шеширот затоа што кога му го дадов на едно девојче, немав срце повторно да му го земам“ – појаснува Јована.
Овде нема здравствен систем и ретко кој побарал здравствена помош дури и кога е во прашање здравствената состојба на децата.
Освен што го посети племето Хамер, Јована беше и во посета на племето Каро, кое е познато по еден од најстрашните обичаи во светот.
Кога во ова племе ќе се роди дете, ако почнат прво да му растат горните заби, а не долните, тоа дете го нарекуваат Минги и веруваат дека носи проклетство или лоша среќа за целото племе, па потоа родителите го убиваат така што го фрлаат на крокодилите во реката Омо.
Постојат луѓе кои ги спасуваат ваквите дечиња, а еден човек одгледал 80 вакви дечиња што биле отфрлени од нивните родители.
Владата го забранила овој суров обичај, но се верува дека одредени членови во племето сѐ уште кришум практикуваат да ги отфрлаат „несреќните“ дечиња.
Каро се разликуваат од другите племиња по тоа што ги оцртуваат лицата со земјена боја и прават дупче под долната усна од каде плукаат, или ставаат декорации од цвет или листови.
„Луѓето од ова племе се мошне дружељубиви. Најмногу време поминавме со жените и со децата затоа што тие остануваат во селото додека мажите одат да работат на полето или да ловат. Навикнати се на туристи и некои жени дури можеа да се разберат на англиски јазик со нас“ – вели Јована.